Дизел моделите потоксични и од камионите и автобусите

Модерните дизел автомобили произведуваат 10 пати потоксично загадување на воздухот во споредба со камионите и автобусите, покажува новото европско истражување.

Според последните мерења поголемиот дел од загадувањето се должи на автомобили со дизелски агрегати, кои испуштаат шест пати повеќе штетни гасови од дозволените официјални норми. По скандалот Дизелгејт со Volkswagen контролата врз дизел автомобили навистина е заострена, но експертите сметаат дека овие мерки не се доволни. Ново испитување ги споредува емисиите на лесните автомобили со оние на камионите и автобусите во реални услови на патот. Резултатите покажуваат дека тешки товарни возила, тестирани во Германија и Финска, испуштаат 210 mg/km азотен оксид, а дизел автомобили кои го задоволуваат стандардот Евро 6 – 500 mg/km. Автобусите и камионите имаат поголеми мотори со поголем потрошувачка на дизел за километар. Тоа значи дека лесните автомобили произведуваат 10 пати повеќе азотни оксиди на литар гориво, пишува Гардијан.

Официјалните тестови на ЕУ за автомобилите се ограничени на лабораториски испитувања на прототип модели. На позадината на тоа тестовите на камионите и автобусите се задолжителни од 2013 година и случајно избрани модели можат да бидат дадени на тестирања во реални патни услови во секое време. Така режимот кај тешки автомобили е многу затегнат и соодветно резултатите – подобри.

Шокантаната разлика во емисијата на азотни оксиди се должи на тоа дека во ЕУ има многу строги барања на тестовите за камионите и автобусите, отколку кај патничките автомобили. Европската здравствена комисија во конекст на ова додаде дека загадувањето со азотни оксиди е одговорно за десетици илјади случаи на предвремена смрт во Европа.

Автоплус

- Реклама -