Како Швеѓаните стигнаа до така убави заби?

Швеѓаните, генерално, се едни од луѓето со најздравите и најубавите заби во светот. Но не беше секогаш така. 

Во 1930-тите, дури и 3-годишните деца имаа кариес (шуплини) на најголем дел од забите. Немаше доволно забари да ги поправаат, а од друга страна никој не знаеше како да го спречи расипувањето на забите, бидејќи никој не знаеше што го предизвикува. Швеѓаните мораа да направат пар контролирани експерименти. Се решија за можеби најнеетичниот, експеримент што во денешно време нема ни теоретски шанси да биде дозволен.

За време на Втората светска војна, во ментална болница во близина на Лунд, Шведска, научниците присилија група пациенти да јадат леплива, светло-кафена супстанца во големи количини, по 24 парчиња на ден. Овие сериозно хендикепирани пациенти против своја волја учествуваа во долгорочна студија под капата на државниот борд за медицина во соработка со големата индустрија. Експериментот траел 3 години.

Прочитајте и:  Овие намирници се особено лоши за кардиоваскуларниот систем

Четирите до шесте дози што лицата со заостанат развој ги примале по 4 пати дневно во текот на студијата – биле прилично послатки од вообичаените лекови, ама и многу посурови. Докторите и научниците воопшто не очекувале некаков бенефит кој би се одразил врз пациентите. Напротив, целта била да се измери штетата што супстанцата ја нанесува со тек на време, и да се одреди безбедната доза за широка конзумација меѓу Швеѓаните.

А супстанцата? Карамел. Им нанесе толку многу штета на забите на пациентите, што научниците сфатија дека шеќерот е тој што предизвикува расипување на забите.

Подетално, тука.

- Реклама -