Според инсајдерски информации до крајот на деценијата DS Automobiles ќе лансира на пазарот седум нови предлози. Единствениот што е познат во моментот е DS3 кој ќе добие нова генерација во 2018 година.
Во следните две години, DS Automobiles ќе пушти во продажба три нови кросовер модели. Првиот DS X ќе го видиме веќе годинава, во 2018 најверојатно ќе бидеме сведоци на појавата помал кросовер – DS W, а до 2020 ќе биде претставен и најголемиот од трите предлози. Според информациите трите нови кросовери на DS Automobiles се развиваат и со варијанти за евентуално лансирање на северноамериканскиот пазар.
Во почетокот на 2018 година, DS Automobiles ќе ги воодушеви обожавателите на екслузивните автомобил со претставувањето на топ-предлогот DS7 што најверојатно ќе биде опремен со хибриден погонски систем, како и систем за погон на сите четири тркала.
Се претпоставува дека DS4 и DS5 ќе бидат заменети со еден модел – целосно нов DS5, а пред крајот на 2020 година можеме да очекуваме и премиерата на најмалиот DS – целосно електричниот DS1.