Најлошата работа во Google

Луѓето поставуваат ужасни работи на интернет, навистина ужасни работи. И некој е задолжен да обезбеди дека ние никогаш нема случајно да налетаме на нив.

Работата на овие луѓе е ужасна и остава психолошки лузни кај сите луѓе кои ја прифаќаат. Од Buzzfeed направиле интервју со еден од овие работници. Неименуваниот работник објаснува дека неговото работно место подразбирало минувајќи часови гледајќи ужасни содржини, обезглавувања, детска порнографија (до 15.000 фотографии во еден ден), крв, рани и екстремни фетиши.

Тоа би било доволно тешко за било кого и било доволно за сериозно да повлијае на овој работник: „Google ме упати на разговор со претставник на федерална агенција и тогаш сфатив дека ми треба терапија. Таа ми покажуваше слики со невини активности (како модифициран Роршахов тест) и ми рече да ја кажам мојата прва реакција. Ми покажа фотографија од татко и син и јас кажав „Тоа е болно!“.

Прочитајте и:  Google ќе мора да го продава Chrome

Овие вработени работат само по една година преку договор. Инаку би морале да добијат постојано работно место а Google нема желба да го создаде ова како постојано работно место. Работникот го напуштил работното место, како и повеќето кои го прифаќаат. Можеби ова е најдобрата опција бидејќи повеќе од една година – повеќе од еден ден – на ова работно место е лошо за здравјето.

Вистинскиот проблем во целата ситуација е што овие работници немаат никаква подршка. Целата исповед на работникот можете да ја прочитате на Buzzfeed.

- Реклама -