Еден шегаџија предизвика вистински хаос на летот Сан Франциско – Бостон, кога го промени називот на wi-fi хотспот-от од Virgin во „Galaxy Note 7_1097“.
Заради ваквата навидум безопасна шега, екипажот и патниците помислиле дека некој во авионот го користи спорниот модел на компанијата Samsung, кој беше повлечен од пазарот токму заради безбедносни причини.
Од истите тие причини Galaxy Note 7 се забранети и во авионите, бидејќи е утврдено дека можат да се запалат како последица на неисправните батерии.
Лукас Војчечовски немал таков телефон, ама сакал да се пошегува со патниците во авионот и да помислат дека некој внел „темпирана бомба“. Сепак, штом го променил името на хотспот-от, пилотот објавил дека ќе го приземји авионот додека не се испита кој е сопственикот на спорниот уред. Па така, Војчечовски морал да признае дека е негово масло и да ја прекине шегата во име на продолжување на летот.