Фото на денот: Полжави ползат на опачината од површината на водата

Редит корисникот wchanne во подсекцијата на Reddit за „средно-интересни нешта“ објави фотографија од полжавите во неговиот аквариум. Излезе супер-интересна, зашто испадна дека тие ја користат површинската тензија на водата за да ползат наопаку. Наводно така се хранат и ги користат хранливите состојки што остануваат на површината.

Судејќи по реакциите, многу малку луѓе го знаат ова. Ние не мислевме ни дека е можно. Но по кратко пребарување, излезе дека многу полжави го можат ова. Дури и изгледа нереално, ама ете.

Reddit

- Реклама -