Комуникацијата помеѓу возилата станува задолжителна

cars1

Сите нови автомобили во САД, кои ќе бидат произведени по 2022 година, ќе треба да бидат опремени со системот за размена на податоци v2v (vehicle-to-vehicle, автомобил-возило).

Тоа е утврдено во проектот на локалната Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA), а ќе стане дел од новиот стандард за безбедност на моторните возила (FMVSS). Според оценката на Министерството за транспорт на САД користењето на системите v2v ќе овозможи значително намалување на катастрофите, бидејки возачите ќе добиваат информации за ситуацијата на патот пред нив. Автомобилите ќе можат целосно самостојно да ја следат ситуацијата за да се применат навремено потребните маневри и да се регулира брзината на движење при покриеност од 360 степени, а ќе можат да ги пренесуваат еден на друг своите координати. Системот ќе може да работи на растојание до 300 метри, а податоците ќе се пренесуваат на фреквенција од 5.9 гигахерца.

Ова мора да биде потврдено од Министерството за транспорт до 2019 година, а дотогаш ќе бидат дефинирани и стандардите за потребната опрема. Новите правила ќе стапат на сила во 2021 година, но до 2023 година тие ќе имаат само препорачувани. Така производителите ќе добијат време да го приспособат производството на системите според новите барања.

За возврат друг оддел од Министерството за транспорт – Федерално управување на патиштата (FHWA), работи на воведувањето на друг стандард за размена на податоци – автомобил-инфраструктура (v2i, vehicle-to-infrastructure). Тој треба да им овозможи на возилата да „разговараат“ со семафорите, сообраќајните знаци или со местата од патот кои се поправаат во моментот. Се смета дека воведувањето на стандардите v2v и v2i ќе успее да го отстрани или барем да ги ублажи последиците од 80% од катастрофите на патот, кои се случуваат поради поминување низ крстосници или менување на лентата на движење.

Автоплус

- Реклама -