АТП соопшти дека размислува за воведување на комуникација меѓу тенисерите и тренерите. Идејата би требало да се реализира од 2018 година.
На таквиот предлог реагираше Роже Федерер, чие враќање на терените одново е одложено, но можеби и нема да трае долго ако АТП се одлучи да ја оствари својата замисла.
„Разговор со тренерот?! Тогаш сакам да одам во пензија…“, искоментира Федерер.
Тој објасни дека смета дека такво нешто како комуникација меѓу тенисерите и тренерите за време на мечот не е потребно, особено со оглед на фактот што не сите тенисери имаат пари за тренери.
„Не сакам аматерски потези и верувам дека АТП ќе се откаже од оваа идеја“, додаде тој.