За првпат последната генерација Audi TT ќе може да се нарача со дизел мотор и погон на четири тркала. Германската марка вели дека до моментов над 50% од договорите за автомобил се за варијанти со погон на двете оски и дека новата верзија ќе го зголеми дополнително овој процент.
Моделот го носи долгото име 2017 Audi TT Coupe 2.0 TDI quattro S tronic и ќе се нуди само со 6-брзински автоматски менувач со две спојки. Моќноста е 184 КС, кои се доволни за забрзување од мирување до 100 km/h за 6.7 секунди и постигнување на максимална брзина од 230 km/h. Германците ветуваат дека просечната потрошувачка на гориво нема да надмине 5.2 литри на 100 поминати километри при емисија на CO2 од 137 грама на километар.
Цените како за верзија купе, така и за кабриолет, стартуваат од 40.000 евра.