Нема да биде она баш класична тројка, ама ќе бидете вие двајца и машина од кожа од латекс и метални коски. А да, и ќе зборува…
Се изначитавме предвидувања дека сексот со луѓе ќе го замениме со роботи, но сé уште како да не прифаќаме дека тоа ќе се случи (а веќе делува речиси и неизбежно). Можеби е така затоа што нам луѓето не ни се допаѓа помислата дека сме до толку очајни за да посегнеме по машини како трајна (не и исклучива) алтернатива, можеби и затоа што сé уште немаме цврсто изграден однос кон хуманоидните роботи, чија реалистична човеколикост сé уште не ни го поматила умот, а можеби и просто само затоа што не веруваме дека сексот со роботи би можел да биде многу сличен со сексот со луѓе.
Како и да е, дел од експертите како да отстапуваат од апокалиптичните (кој како ги доживува) проценки за крајниот степен до кој ќе оди нашиот однос со роботите, и се вратија на релативно поблаг терен – во поблиска иднина, сведувајќи ги роботите на еден вид секс играчки за парови. Истовремено, со тоа практично даваат одговор како всушност ќе се случи транзицијата од човечки кон роботски секс-партнери, плескајќи ни во фаца дека она „нема шанси тоа бе“ е како кучињата што лаат додека карванот си врви – ќе си го викаме сé додека не ти ја испорачаат „девојката од соништата“ која си ја порачал на интернет, и која патем е робот кој во сите аспекти наликува (клучен збор) на човек.
Ијан Кернер – експерт за љубовни врски, очекува „паровите да ги користат (роботите) за исполнување на фантазиите, како што се тројките, за кои можеби се премногу несигурни да ги пробаат со вистински луѓе“. Од друга страна, „ако едниот партнер има поголемо либидо, роботот може да му овозможи да ужива во исполнувачки сексуален живот, без среќата да ја бара некаде надвор од врската“, додава Кернер. Смета и дека зачинувајќи ги своите врски со роботи, љубовните парови ќе успеат да се ослободат од сексуалната рутина, а и дека роботите ќе помогнат во одржување на врските на далечина.
Судејќи по општоприфатеноста на секс играчките, и со роботите нема да биде многу поразлично. Ќе дознаеме наскоро, бидејќи првите роботи кои ќе зборуваат и ќе реагираат на нивните „љубовници“ како луѓе – во продажба ќе се најдат веќе следната година, во 2017-та. Зборуваме поконкретно за компанијата Abyss Creations од Калифорнија, која најавува дека нивните роботи веројатно ќе чинат околу 15.000 евра. Сепак, повеќе од сигурно е дека и другите компании ќе сакаат дел од колачот и ќе се вклучат како конкуренти во секс-роботската индустрија, правејќи ги роботите пошироко достапни.
А како всушност ќе изгледа сексот со роботи?
Експертите, меѓу кои и Дејвид Леви – автор на книгата „Љубов и секс со роботи“, вели дека роботите од овој претстоен бран ќе бидат опремени со топли „налик на човечките“ гениталии, и дека ќе бидат човеколики и по изглед, и по големина. Притоа ќе бидат програмирани да ги задоволуваат желбите на луѓето, и да овозможуваат однос во зависност од преференците, сексуалната ориентација и вкусовите на сопственикот.
Експертите се сложуваат за уште едно нешто: На тоа ќе биде тешко да се одолее.
https://youtu.be/nJc9BROjXfM