Производи кои потајно би ги купиле без двоумење

Луис Си-Кеј ги дефинира „проблемите на белите луѓе“ (т.е. First World Problems) како проблеми што луѓето кои живеат во изобилство во модерниот свет си ги измислуваат затоа што немаат вистински проблеми (не им ги сечат главите, немаат војна, не им фали вода, храна, облека…).

Овие производи ги решаваат баш тие проблеми, и невозможно е другите да не ве гледаат како разгалени ако поседувате еден од нив. Но реално, кога никој не би гледал, (ние) со трчање би ги купиле. Еве на што поточно мислиме.

1. Мобилен сталак за лаптоп

1а(20)[1]

Што ќе ти лаптоп, ако не можеш да лежиш со него, нели?

2. Статив за смартфон

2(2975)[1]

Со лаптопот не толку, ама со смартфонот дефинитивно одиш на спиење. Ем ти паѓаат рацете, ем некогаш ќе го налегнеш, па ќе се скрши. Еве нека биде од економски причини – држач за смартфон.

3. Перница со звучник

3(2678)[1]

Ако не спиеш сам, а сакаш да заспиваш со музика, а не сакаш да си ги масакрираш ушите со слушалки, перницава со звучник е правиот продукт за тебе. Вака според сликава, уште подобро оди со подно греење (не се прајте наудрени, сите лежиме на земја кога имаме подно).

4. Помагало за облекување чорапи

4(2252)[1]

Ако следиш внимателно, како течат годините, така облекувањето чорапи вклучува сé повеќе бревтање. Не мора да е така.

5. Душек и прекривка со патент

5(1908)[1]

Доста беа разместени чаршафи и спиење врз тутканици!

6. Држач за фен

6(1610)[1]

За полесен, и се надеваме, пократок престој пред огледалото.

7. Трета рака – потпирач за глава7(1399)[1]

Корисна е кога работиш на компјутер подолго време и те кине вратот, а немаш на што да ја потпреш главата. Корисна е и ако сакаш јасно да му ставиш до знаење на шефот дека работата ти е страшно досадна (макар што за ова дополнително ќе мораш да се туфкаш и да превртуваш со очите).

8. Чистач на далечинско управување8(1149)[1]

Покрај очигледната, има и друга примена. На пример, ако жена ти ти викне „ај подај ми ја таа четката!“, можеш тоа да го направиш без станување.

9. Интерактивна мачкотека

9(1008)[1]

Место да ти лежат на лаптопот, пушти ги нека бркаат ласери.

10. Четка за заби со автоматски доток на паста

10(856)[1]

Зошто да биде процедура, кога може сé со еден клик (на копчето на тубата)?

11. Статив за хартија и таблет13(403)[1]

Неижбежен беше, нели?

12. Чинија со дупка за пиво

17(196)[1]

Зошто да носиш една порција и пиво, кога можеш две порции и две пива?

13. Шкафче-фрижидер18(146)[1]

Да бапнеш фрижидер среде дневна за да не ти биде далеку пивото, не е естетски убаво за пред народ. Вака – уживаш.

14. Душек-трансформер19(139)[1]

Некогаш едноставно ти се смачува од основните положби на лежење и сакаш да пробаш нешто ново. Ова е тоа.

- Реклама -