Цигарите во СФРЈ: Зошто меко пакување, и зошто Филтер 57 беа наопаку

cigari

Тутунските брендови на СФРЈ се толку легендарни што се паметат и ден денес – Опатија, Дрина, Драва, Морава, Филтер 57… Во 1960-тите, СФРЈ имаше дури 15 тутунски комбинати кои произведуваа неверојатни 145 брендови цигари, заради што и повеќе се пушеа домашни цигари отколку странски. Ем тогаш се пушеше поевтино, ем ги немаше оние грозни предупредувања што денес ги има на пакувањата.

Меѓу најпознатите, а за најквалитетни важеа цигарите произведени во Загреб, Сараево и Ниш. Најпродавани беа Драва, а меѓу најпопуларните беа Дрина и Морава.

Креативноста на југословенските цигари

0604a6213b41afc71453[1]

Мекото пакување беше замислено како поевтина алтернатива на цигарите. Не само тоа, туку беше примарно наменето за работниците – мекото пакување е многу полесно за да го ставите во џеб.

Меѓу југословенските брендови, меѓу луѓето познати како „раднички цигари“, беа и легендарните Филтер 57, кои беа особено оригинални во споредба со другите – цигарите во пакувањето беа ставени наопаку. Постарите веројатно и знаат зошто; се разбира, тоа не беше грешка што константно се провлекуваше, туку практичен дизајн повторно наменет примарно за работниците. ­Со тоа што цигарите во кутијата на Филтер 57 беа обратно поставени, можевте да извадите цигара без да го допирате филтерот со нечисти раце (какви што најчесто се рацете на работниците, заради природата на нивната работа), директно принесувајќи го до устата.

- Реклама -