Производителите ќе градат заедничка мрежа за брзо полнење на електрични автомобили

polnenje

BMW Group, Daimler, Ford Motor Company и Volkswagen Group најавија дека планираат заедничка инвестиција која ќе има за цел да се подобри инфраструктурата за брзо полнење на електричните возила по главните автопати во Европа.

Во планот на автомобилските гиганти фигурира изградба на околу 400 станици за брзо полнење на стандардот CCS (Combined Charging System), на кој електричните возила ќе можат да се полнат од извор на нивоа до 350 kW и на тој начин драстично да се намали потребното време за надополнување на батериите.

Потпишаниот меморандум за разбирање кој предвидува лансирање на изградбата на станиците да започне следната година, ќе им овозможи на сопствениците на електрични автомобили да преземат многу долги патувања без типичната, за овој вид возила загриженост во однос на изворите на енергија.

BMW Group, Daimler, Ford Motor Company и Volkswagen Group учествуваат во новиот потфат подеднакво, но велат дека секој друг производител на автомобили, како и потенцијални регионални партнери, се добредојдени во проектот.

Автоплус

- Реклама -