McLaren 570S на диета

5

Најмалиот модел на Англичаните од McLaren се појави со страшен тресок и изненади на тестовите против своите конкуренти, но за да се задржи големиот интерес, компанијата ќе понуди пакет кој ќе ги зголеми способностите на 570S.

2

Додатокот наречен Track Pack е инспириран од своите поголеми браќа 675 LT и P1 LM. Се започнува од новиот мал заден спојлер, кој тешко се забележува, но ја зголемува силата на притисок со 29 килограми при брзина од 241 km/h. Покривот на автомобилот е создаден од MSO единицата, односно од јаглеродни влакна. Седиштата се исто така од овој материјал и наместо кожа, тие се тапацирани со алкантара. Ова се однесува и на целиот ентериер на возилото.

3

Заедно со новите полесни бандажи возилото е со намалена тежина од 25 килограми. Не звучи многу, но тежината на возилото е само 1288 килограми или колку мал хечбек. На тоа кога ќе се додаде моќноста од 570 коњски сили се добива комбинација на забрзување од 0 до 200 km/h за само 9.4 секунди.

4

Автоплус

- Реклама -