Љубов: 56 години парализирана, и никогаш не ја оставил

du1

Чичево е во брак од 1959 година. Само 5 месеца по свадбата, судбината му доделува опасен удар под појас – неговата сопруга Жу Јуаи останува парализирана. Оттогаш, значи 56 години, чичево непрекинато се грижи за неа и продолжува да ја сака без оглед на околностите. Збори ми за љубов.

Приказната за Ду Јуанфа е доказ дека вистинската љубов навистина постои. Ич да не објаснуваме и дека е шамар во лице за модерните 20-годишници што проповедаат дека луѓето не се моногамни по природа. Туку да се вратиме на нашите заљубени.

du3Жу се разболела од мистериозна болест на 20-годишна возраст, и за кратко станала целосно парализирана. Во тоа време Ду работел во рудник за јаглен во соседниот град, а тажните вести ги дознал дури откако неговото семејство му пратило писмо да му соопшти дека Жу е болна и врзана за кревет.

Ду без двоумење земал долг одмор од работа и се вратил дома. Како последица на болеста, Жу веќе го имала изгубено сето чувство низ целото тело. Не можела ниту да се заврти, а не па да држи некаков предмет во рацете, или пак да му роди деца на Јуанфа. Ниту еден доктор не успевал да открие што е проблемот.

du2

Пријателите на Ду го убедувале да го поништи бракот и да почне нов живот. Веќе го знаеме неговиот одговор. Уште тогаш ѝ ветил на својата сакана: „Не плаши се. Ќе се грижам за тебе засекогаш“. 56 години подоцна, смелото ветување останува непрекршено.

Во меѓувреме, Ду го баталил рудникот и се посветил на грижа за сопругата. Сега работи на фарма, но главната работа и понатаму му е да ја храни Жу со лажица, да менува пелени и постелнини, да подготвува традиционални кинески лекови, и да ја носи сопругата по доктори.

MAIN201511181322000032264448830[1]Ментално здрав човек не може да остане рамнодушен на ваква приказна, па тоа е случај и со соседите, кои често го посетуваат парот и им носат намирници за живот, облека, лекови. Дури и локалните власти се вклучени во помошта, и тоа на редовна основа.

Ду уште не се откажал. По скоро шест децении залудни обиди, уште се надева дека ќе најде лек за болеста на својата сакана Жу. А луѓето што не ја доживеале, ќе продолжат да раскажуваат како љубовта не постои…

du4

- Реклама -