Од кое маало на Македонија си?

macedonia_ohio_1_introВо почетокот на 19-от век, еден млад човек по име Хенри Вудс го открил местото што го нарекол Indian Run, а неколку години подоцна на истото место Абрахам Кранмер ја основал Македонија. Токму така!

Во почетокот на 19 век, еден млад човек по име Хенри Вудс го открил местото што го нарекол Indian Run, а неколку години подоцна на истото место Абрахам Кранмер ја основал Македонија. Токму така! Но, не нашата мила и драга татковина Република Македонија, туку градот Македонија во Охајо, САД.

macedonia_ohio_1

Во 1824 година тој ја изградил првата куќа на местото што денес се нарекува исто како и нашата земја. Набргу, и други луѓе почнале да градат куќи до неговата и така никнала населбата што во почетокот ја нарекувале „The Corners“. Првото училиште било изградено во 1833 година, а две години подоцна и првата црква.   

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

family_recreation_centar_macednia_ohio

 
Првите теолози кои биле повикани од Western Reserve College за да проповедаат во црквата во недела, имале обичај да ги повикуваат верниците на служба употребувајќи го пасусот од Библијата во кој се вели: Дојдете во Македонија и помогнете ни. Дали случајно или со божја интервенција, ова населено место останало познато засекогаш како Македонија. Се работи за мало гратче, што денес брои околу 9,000 жители. Еве ја нивната официјална веб страна.

[[Macedonia,_Ohio]]
 police_macedonia_ohiomacedonia_ohio_2

 

 

 

 

 

 

  

- Реклама -