Конгресмен од САД – при легитимно силување, жена не може да забремени (видео)

Републиканскиот конгресмен Тод Акин, кој сега се кандидира за сенатор од сојузната држава Мизури, во дебата за абортусот, го изнесе можеби најгенијалниот аргумент до сега. Тој кажа дека во случаите на „легитимно силување“ женското тело се исклучува за да спречи несакана бременост.

Според Акин, воопшто не треба да се разговара за абортус во случаите на силување, бидејќи, како што тој ги разбрал докторите, кога жената е „вистински силувана“ нејзиното тело се исклучува и со тоа се спречува несаканата бременост. Во сите останати случаи, станува збор за лажно пријавено силување, сè со цел жената да добие сожалување и никој да не ѝ суди што се решила за абортус.

Прочитајте и:  Трамп му се јавил на Путин, разговарале за брзо решавање на војната во Украина

{youtube}yKa5CY-KOHc{/youtube}

„Ако случајно тоа не профункционира или нешто слично, тогаш треба да постои некаква казна, но казната треба да биде за силувачот, а не треба да се нападне детото“ заврши Акин.

Доколку овој генијалец победи на изборите и стане сенатор, во иднина ќе има право да гласа за избор на судии во врховниот суд, федерални судии, но и силно да влијае врз носењето на државните и федералните закони. Иднината не е сјајна за правата на жените, барем во сојузната држава Мизури.

- Реклама -