Шпанското селце што преку ноќ стана село на милионери (заради еден човек)

3AB9EF3100000578-3968880-All_80_residents_of_the_sleepy_Spanish_village_of_Cerezales_del_-m-40_1480024622974[1]

Од неодамна, сите 80 жители на шпанското селце Серзалес дел Кондадо се милионери, и тоа благодарение само на еден човек и неговиот тестамент.

Се работи за милијардерот и филантроп Антонино Фернандез, кој почина во август на стогодишна возраст, а во неговиот ексцентричен тестамент им остави 200 милиони евра на жителите на селото во кое пораснал.

Од распределбата на целата сума, следува дека на секој жител на Серзалес дел Кондадо му припаднаа по нешто над 2.3 милиони евра. Згора на тоа, селото ќе добие и нов Центар на културата, пишува лондонски „Дејли Мејл“.

Фернандез е роден во 1917 година, а веќе на 14 години морал да го напушти училиштето. Тој бил едно од 13-те деца во семејството и неговите родители не можеле да си дозволат да го школуваат.

На сликата: Човек без школо.
На сликата: Човек без школо.

На 32-годишна возраст тој емигрирал во Мексико, каде се вработил во фабриката на неговиот вујко за производство на прочуеното пиво Корона. До 1971 година успева да стигне до позицијата директор на компанијата, и оттогаш успева Корона да го направи најопуларно мексиканско пиво и голем извозен феномен. Го извезувал и во неговата родна Шпанија, под името Коронита. Денес Корона е второто најувезувано пиво во САД, со годишна продажба од 700 милиони долари.

Фернандез никогаш не ја заборави својата родна земја, а поранешниот шпански крал Хуан Карлос за неговата хуманитарна работа го одликуваше се орден. Но, родното село никогаш не дозна колку всушност е сакано од Фернандез, барем не до соопштување на содржината на тестаментот.

3ABAE6D300000578-3968880-image-m-37_1480024484107[1]
Фернандез при една посета на селото.

Текстот е преземен (со интервенции) од МИА

- Реклама -