Странските инвестиции се штетни по менталното здравје

FDI[1]

Додека нас нé трујат со исклучителната корисност на странските инвестиции и ги поставуваат на пиедестал како основен услов на нашиот развој, и додека на странските инвеститори им се даваат максимални погодности само за да ги привлечеме во што поголем број, тврдоглавите научни резултати го говорат сосем спротивното.

Странските инвестиции се штетни. А тупењето со странски инвестиции е штетно по разумниот ум. Затоа што всушност присуството на странски инвестиции го успорува развојот. Само домашните инвестиции се корисни. Ама еве, не мора нас да ни верувате.

Испитувајќи го влијанието на странските инвестиции врз развојот на осум источноевропски земји (Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка, Словенија) во периодот од 1994 до 2001 година, мерено преку односот на учество на странски инвестиции во бруто домашниот производ и растот на БДП, професорот Менцингер од Универзитетот во Љубљана заклучува дека меѓу овие две низи од податоци владее негативна меѓузависност, т.е. тие се обратно-пропорционални – со растот на странските инвестиции, бруто домашниот производ се намалува (барем во овие земји).

Странските инвестиции не го богатат, туку го осиромашуваат народот.

Добитникот на Нобелова награда за економија – Мајкл Спенс, како претседател на комисијата за раст и развој на Меѓународната банка за обнова и развој, си постави задача да издвои земји кои на долг рок во последните 25 години непрекинато остварувале стапка на просечен раст од 7%, со цел да ги утврди основите на тој раст. Од извештајот е видливо дека тоа се само земјите кои својот развој го основаат на домашната акумулација.

Прочитајте и:  Се подготвува нов закон за бизнис ангелите во земјава

Слично истражување има направено и еден од најпознатите светски економисти – Рагхурам Раџан (од Универзитетот во Чикаго), кој пишува дека неговото доста опсежно истражување, преку примерите на голем број земји во развој, покажало дека економијата на овие земји бележи високи стапки на раст само тогаш кога своите инвестиции ги финансираат од сопствената акумулација.

И обратно, што се поголеми инвестициите, растот е побавен. Брз и одржлив раст имале само оние земји во развој кои немале значаен удел од странски инвестиции.

Треба ли да очекуваме дека ваквите експертски сознанија ќе ги пишманат политичарите и овие ќе престанат да инсистираат на странски инвестиции? Не. Барем не додека не умре и последниот гласач.

- Реклама -