Канцеларијата на јужнокорејската претседателка Парк Геун Хје ги потврди извештаите на еден опозициски пратеник дека во декември минатата година купила околу 360 пилули за еректилна дисфункција – Вијагра, како и пилули од генеричката верзија од лекот.
Како што е наведено, Вијагра-та е набавена заради планираните службени патувања (така и си мислевме) на претседателските помошници и службеници во мај, кога Парк ги посети Етиопија, Уганда и Кенија.
Наводно, Вијагра-та би била искористена во случај на појава на симптоми на височинска болест, со оглед на тоа што овие земји се наоѓаат на надморска висина од повеќе од 1000 метри. Портпаролот на претседателската Сина куќа соопшти дека апчињата не се употребени.
Докторите во Јужна Кореја наводно имаат навика одвреме-навреме да им препишуваат лекови слични на Вијагра-та на планинарите, бидејќи сметаат дека ефикасно ги спречуваат симптомите на височинска болест.
The more you know…
Додуша, нас ни се чини дека претседателски службеници и планинари не е исто.