Ова емотивно арт филмче растура на Интернет. Се работи за прдење. Под вода.
Ремек-делото е насловено како „Underwater Flatulence in 120 Fps“ (не сме сигурни дали „fps“ во случајов е „frames per second“ или „farts per second“), а опишано е како прв дел од „видео арт проект на тема ослободување, слобода и цензура“. Во позадина оди „Свадбата на Фигаро“ на Моцарт.
Најдоброто од сé е што видеото е прилично концизно, но истовремено и отворено за интерпретација, па слободно можеме да го толкуваме како коментар на политичките состојби во 2016-та, или политичките состојби во последниве 20 години, или сите тековни и идни изборни кампањи, или…
…можностите се навистина неограничени. Не е ни чудо што за една недела на Vimeo го имаат видено над 3 милиони луѓе.