Што се случува кога ќе излезеш на балкон во Шведска во 10 навечер и ќе се раздереш како неарен – е прашање што е премногу чудно за да си го поставите самите. Среќа нé имате нас.
Се работи за таканаречениот ноќен феномен – вресокот Flogsta. Се смета дека датира од 1970-тите, или можеби од испитните периоди во 1980-та година. Зошто и како се појавил – не е јасно и нема доволно информации, но се претпоставува дека започнал како метод за ослободување од стрес или можеби во чест на некој студент што скокнал од својата тераса.
Едно е сигурно: Секоја вечер во 22.00 часот, студентите во Флогста – претежно студентска населба во Упсала, излегуваат на балконите и се дерат и вриштат неартикулирано на цел глас. Вресокот Флогста е прераснат во традиција, атракција, но и во исклучително потребен издувен вентил, кој студентите го користат за да му ги соопштат своите бројни фрустрации на светот.
Фино е да се знае, во случај да се најдете навечер во Упсалаи кога ќе ги чуете тие колективни вресоци, дека не сте заглавиле во зона на самракот, туку во зона на студенти под стрес.
Извор: малку blabla.mk, малку други