Иран - кого сака да нападне Џорџ Буш? Пропагандната машинерија
што ги штити политичките и економските интереси на одредени групации,
во последно време сака да го претстави Иран како потенцијална опасност
за светскиот мир. Иран е сега главната Баба Рога на Блискиот Исток.
Можеби и некој од вас се уште мисли дека во Иран живеат само
терористи и необразовани луѓе?! За тие што не ги земаат пласираните
информации ‘здраво за готово‘, еве неколку факти што можеби
не сте ги знаеле за Иран.
Иран - кого сака да нападне Џорџ Буш? Пропагандната машинерија што ги штити политичките и економските интереси на одредени групации, во последно време сака да го претстави Иран како потенцијална опасност за светскиот мир. Иран е сега главната Баба Рога на Блискиот Исток. Можеби и некој од вас се уште мисли дека во Иран живеат само терористи и необразовани луѓе?! За тие што не ги земаат пласираните информации ‘здраво за готово‘, еве неколку факти што можеби не сте ги знаеле за Иран.
– Зборот Иран доаѓа од зборот ‘аријци‘ и значи ‘земја на Аријците‘. Овој термин е злоупотребуван од страна на нацистичкиот режим во Германија, но во основа нема никакви расистички значења. Тој се однесува на сите народи кои спаѓаат во т.н. индо-европска група на народи, односно, Индијците, Иранците и сите европски народи (со исклучок можеби на Унгарците и Финците).
– Иран е првото цивилно општество за кое има податоци во историјата. Сите граѓани на Персиското царство, за време на владеењето на Ахеменидската династија (оние што Александар Македонски ги поробил, а и запалил голем дел од нивната пишана култура и архитектура) биле обврзани да му плаќаат данок на царот, но биле сосема слободни да ги практикуваат своите религиозни убедувања и ритуали, да зборуваат на сопствениот јазик, а персиските интелектуалци биле познати како судии во меѓународните религиозни спорови.
– Кировиот ‘Цилиндер‘, напишан со клинасто писмо, се смета за прва повелба за човековите права во историјата. Со оваа повелба Кир го укинал ропството и ги загарантирал сите религиски и цивилни права на секој граѓанин, без разлика на неговото потекло.
– Кир Велики ги ослободил Евреите од ропството на Вавилон и им дозволил повторно да го изградат храмот во Ерусалим. Тој е првиот не-Евреин што е прогласен за Месија, односно, спасител.
– Ибн Сина, попознат на Западот како Авицена бил Иранец, а неговиот Канон на медицината е книгата од која препишувале подоцнежните западни научници.
– Во Иран се наоѓа највисокиот вулкан во Азија, планината Даваманд. Највисоката точка на вулканот е 5.670 метар надморска височина и може да се искачи од две страни, јужна и северна. Ова место е позната планинарска дестинација, а за искачувањето на овој врв не е потребна техничка подготовка, но оној што сака да си ја испроба среќата сериозно ќе мора кондиционо и психолошки да се припреми. Инаку, вулканот последен пат еруптирал во 500 година од нашата ера.
– Иранците не се Арапи и не зборат арапски јазик. Иранскиот јазик е индо-европски и ќе се зачудите колку зборови се слични и идентични со македонскиот и воопшто словенските јазици. Ако побарате ‘кашика‘ во Иран немојте да се изненадите ако ве разберат и ви дадат лажица!
– Иранската држава (во различни политички системи) без значајни прекини постои веќе 2500 години. Со таков историски background можат да се пофалат само уште Египет, Кина и Индија. До 1935 година, Иран се викал Персија, но и двете имиња се автентични и подеднакво стари.
– Во Иран има преку 200 универзитети, а бројот на научните институции е огромен. Иако од 1979, по револуцијата на Хомеини, Иран е исламска република, бројот на жените во државните, политичките, научните и образовните институции е голем и тие ги уживаат сите цивилни и економски права.
– Иран се граничи со Турција, Азербејџан, Авганистан, Туркменистан и Ирак. Во текот на историјата, како и денес, оваа култура претставува една од најважните алки во комуникацијата меѓу Истокот и Западот.
– Иранците се гостопримливи и топли луѓе, горди и свесни за сопственото цивилизациско наследство.
За Иран постојат мал милион сајтови и тие што ќе ги привлече оваа древна култура можат слободно да посурфаат и да завеслаат низ историските факти, создавајќи си сопствена претстава за земјата на урмите. (Ако не сте приметиле до сега, сите свежи урми што се продаваат по македонските пазари се произведени во Иран).
[[Iran]]