Тоа е тоа, германско-белгиската компанија Mime Et Moi најде решение за еден од најголемите женски проблеми (не го мислиме ова сериозно, де) – какви штикли да облечеш. Компанијава направи женски чевли со штикли што се монтираат. Што значи, одиш до работа и се фрцкаш со високи, на работа си монтираш ниски и удобни, по работа си монтираш какви сакаш. Уствари цело време си монтираш какви сакаш.
https://youtu.be/xRPE-3CZ__E
Од тоа што можевме да видиме по друштвени мрежи, реакциите се повеќе од позитивни, ама пред сé ги има од машката публика. Женските некако како да се резервирани… Не сме сигурни дали сакаме да навлегуваме во тоа „зошто“.