Хилари по поразот: Сакав да се сокријам и никогаш да не излезам од дома

1476107140709[1]

Во своето прво појавување во јавност по поразот на претседателските избори во САД, кандидатот на Демократската партија, Хилари Клинтон не ја криеше својата разочараност, потенцирајќи дека по објавувањето на резултатите „не сакала веќе никогаш да ја напушти својата куќа“, пренесуваат светските агенции.

„Признавам дека доаѓањето тука не беше лесна работа. Имаше неколку моменти претходната недела кога сѐ што сакав да направам е да се сокријам, да читам некоја добра книга и да не излезам од дома“, рече Клинтон.

„Знам дека многумина од вас се разочарани од резултатите. И јас сум, повеќе отколку што можам да опишам. Знам дека не е лесно. Знам дека во претходната недела многу од вас се запрашаа дали Америка е онаква земја каква што мислевме дека е“, наведе таа.

Прочитајте и:  Бајден бара од Конгресот да и отпише долг на Украина од 4.6 милијарди долари

Клинтон додаде дека поделбите кои настанале во американското општество по овие избори се доста длабоки.

„Америка вреди повеќе од тоа. Нашите деца исто така. Верувајте во нашата земја, борете се за нашите вредности и никогаш не се откажувајте“, нагласи Хилари.

- Реклама -