Во Северна Кореја уште не знаат за Трамп

160825-north-korea-0548_586c8944776215935e711974d1935af4.nbcnews-ux-2880-1000[1]

Изборот на Доналд Трамп за претседател беше и уште е главната вест на сите светски медиуми, со исклучок на Северна Кореја.

Според репортер на BBC, тамошните државни медиуми сé уште не објавиле кој е победникот во претседателската трка во САД. Причината, според него, е тоа што медиумските канали во комунистичката држава се филтрираат многу внимателно, а граѓаните ги добиваат само информациите што се одобрени од властите.

Но, отсуството на соопштение и по цела седмица од изборите преку океанот се толкува како чудно однесување дури и од страна на режимот. Под основана претпоставката дека тоа се должи на долгото размислување за тоа како севернокорејската влада да им го претстави Трамп на своите граѓани, некои експерти се загрижени дека тоа значи дека кон Трамп ќе биде презентиран став различен од тој за сите други претходни претседатели од 50-те години наваму, т.е. дека тој ќе биде претставен како противник.

Прочитајте и:  Елен Деџенерис наводно се иселила од САД поради победата на Трамп

Во прилог на таквото тврдење оди фактот што во 2008-та, севернокорејските медиуми соопштија за победата на Обама „само“ три дена по изборите. Тогаш севернокорејското радио го информираше населението за победата на „47-годишниот црнокож Барак Хосеин Обама“ во само три реченици. За Трамп како да се спрема нешто подолго.

- Реклама -