Le Tourneau G175 Tree Crusher е вистински ѕвер од машина, тешка 60 тони и дизајнирана специјално со една идеја – да чисти терен и да ги уништува и „смачкува“ сите дрва на патот.
Оваа машина претежно се употребува(ла) за иницијалното чистење на густите шуми кои се предвидени да бидат претворени во земјоделско земјиште; или за чистење на „остатоците“ во фармите за дрва откако квалитетното дрво е собрано, а останата е само „комерцијално неисплатлива“ вегетација. Денес ретко се пристапува кон вакво „clear-cut“ чистење на терен, но не значи дека воопшто не се случува.
Како и да е, Le Tourneau G175 Tree Crusher е импресивна од многу аспекти: и од аспект на својата моќ и големина, и од аспект на ефикасно инженерско решение. Од друга страна, прашање е дали било која машина за „чистка“ на природата треба да биде пофалена…
https://youtu.be/XqAjwUnKc9A