И во 2016-та, лошиот дизајн уште си има свое место на планетава. Всушност, опкружени сме со лош дизајн многу повеќе отколку што забележуваме.
Затоа, на Reddit ќе најдете „мала“ заедница од повеќе од 300.000 корисници, посветени на тоа да ги најдат најдобрите од најлошите.
Субредитот /r/CrappyDesign (во кој не случајно сé е напишано со comic sans) издвојува 20-тина примери.
1. Автоматско отварање на врата за инвалиди, а зад вратата – скали
2. Портот за полнење на овој безжичен маус на Apple.
via reddit
3. Кошов. Да го видиме Тим Данкан овде да даде кош од табла.
4. Drop-down менија што исчезнуваат веднаш штом почнеш да скролаш.
5. Тапа обид за акроним.
6. Оваа метро станица во Њујорк, на чии скали степениците ѝ се малку повисоки од сите други станици во градот.
7. Течност за ладење радијатори, спакувана како пиво.
8. Средство за чистење подови што личи на сок.
9. CGI бургеров во реклама.
via rrb on reddit
10. „Нашите вредности одвај имаат допирна точка со вредностите што вие ги цените“…
11. Користење на римски броеви за да си го рекламираш телефонскиот број и бизнисот – гаранција дека долго ќе ти трае батеријата.
12. Апликација за рентање бродови од мраз? Ааа, не бе, „apprenticeships“ (стипендии) биле.
13. Кога продаваш врвки, а на пакувањето ниту една од чевлите не користи врвки.
14. Новото лого на Инстаграм
15. Прашањево со повеќе можни одговори
16. Кога излегува поп-ап реклама на сајт што пишува дека поп-ап рекламите се причина број 1 луѓето да ти го мразат сајтот
17. Orange County Whore?
via Estoye on reddit