Вака изгледа Бела ноќ во Торонто

Очигледно, невозможно е да ја покриеме целата програма на Nuit Blanche 2016 (како што ја нарекуваат во Торонто, на француски), ама еден од највпечатливите проекти беше „Literature Vs Traffic“ на Luzinterruptus – анонимна уметничка група што „спроведува урбани интервенции на јавни простори“.

book-installation-literature-vs-traffic-luzinterruptus-toronto-2[1]

Нивната последна инсталација, таа во Торонто, претвори една од најпрометните улици на градот – во река од 10.000 светлечки книги, а како што можете да видите од фотографиите, резултатот е спектакуларен. Сите книги се донирани (од Salvation Army), а на инсталацијата работеле преку 50 волонтери, цели 12 дена.

book-installation-literature-vs-traffic-luzinterruptus-toronto-4[1]

„Така, градска област која обично е резервирана за брзина, загадување и бучава, ќе стане, на една ноќ, место за тишина, мир и коегзистенција осветлена од меката светлина што доаѓа од осветлените страници“, напишаа уметниците на нивниот вебсајт.

book-installation-literature-vs-traffic-luzinterruptus-toronto-8[1]

„Книгите ќе бидат таму за сите што сакаат да ги земат, па инсталацијата ќе се саморециклира… и ќе трае колку што луѓето сакаат да биде таму“. Книгите ги снема за 10 часа, ама инсталацијата ќе се памти.

book-installation-literature-vs-traffic-luzinterruptus-toronto-25[1]

Паралелно, имаше и вакви ствари:

Fallen Water - Niagara Escarpment_01.e6acb0b918af088ccf51f3d63ab7b9c9

CvlO0KIWgAADwL0[1]

За секое копи/пејст ќе тужиме!

- Реклама -