Рускиот авион што ги исплаши Американците

bartini_beriev_vva_14_by_aydren-d8v6khr[1]

Во 70-тите години на 20 век, за заштита на границите на Советскиот Сојуз, беше развиен уникатен авион-амфибија-екраноплан со вертикално полетување и слетување – (Bartini Beriev) VVA-14. Главната задача на оваа воена машина беше да ги открива и да ги уништува нуклеарните подморници на САД кои се доближуваат до границите на Советскиот Сојуз. Беше дизајнирана специјално за да полетува од вода и да остварува брзи летови на долги дистанци.

VVA-14 е дело на советскиот конструктор со италијанско потекло – Роберт Бартини. По неколкуте истражувања и тестови, во 1972 година, е изграден првиот прототип. Новата машина вклучуваше голем број иновативни технички решенија кои немаа свој пандан во светот. На пример, реализацијата на „екрански ефект“ (види линк погоре) при фиксно крило. Притоа авионот можеше да полета од вода развивајќи брзина и до 760 км/ч. Конструкцијата, пак, му овозможуваше да се одржува на површината на водата со помош на „аеродинамичка перница“ и преку создавање на воздушна дупка со висок притисок – создаден од аеродинамичкото пресретнување меѓу крилата и површината на земјата.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

bartini_beriev_vva_14_by_aydren-d8v6k7f[1]

VVA-14 го остварува својот прв лет на 4 септември, истата таа 1972 година. Тестовите продолжуваат уште 4 години. Како резултат на тоа, машината значително е подобрена. Сепак, заради оригиналната визија на авионот, ги добива прекарите „Фантомас“ и „Змеј Горинич“ (кај нас е „Змеј Горјанин“).

Сепак, машината не успева да „испорача“ квалитетно вертикално полетување и слетување. Оригиналната цел не е постигната.

2(2884)[1]

По смртта на главниот дизајнер – Роберт Бартини, за проектот настапуваат тешки времиња. Во тој момент прототипот VVA-14 веќе имал извршено 107 летови, со времетраење од 103 часа. Сепак, единствениот преостанат примерок №19172 бил повлечен од тестирањата и пренесен во Централниот музеј на воено-воздушните сили на СССР во Монино, близу Москва.

Последниве години се прават напори за реконструкција и враќање во живот на прототипот. Група ентузијасти сакаат да ја обноват амфибијата и да „ѝ ги вратат крилата“.

3(2608)[1]

- Реклама -