На полигонот Стенковец, крај македонската метропола, се одржа првото OFF ROAD SHOW-Скопје 2016. Во организација на Ендуро Теам Водно Скопје и МК Александар, на оваа несекојднева манифестација се најдоа голем број на ентузијасти со мотоцикли, автомобили, кросовери…
На воениот полигон Стенковец измнинатиот викенд вриеше како во кошница. Топ тема „се она што се тркала“, поделено во повеќе категории MOTO, ATV/QUAD, UTV/SSV, како и 4×4 CARS. Многу фанови, намерници и ненамерници, бројна публика…која никогаш не видела на едно место толку добро подготвени мотоцикли, автомобили SUV-изданија пред кои рака на срце застанува здивот. Посебно внимание кај присутните секако предизвика натпреварувачкиот дел, кој се состоеше од испит на спретност и издржливост и брзинско возење по патека во должина од 12 километри.
Вистински спектакл на тркала, поддржан од голем број на компании кои долго време очекуваа ваков вид на дружење. Според информациите на организаторот, вкупниот број на пријави достигнал до 93 членови на најразлични клубови од Македонија.
На крајот секако дека посебна атракција беше самото отворање на настанот. Специјално подготвената патека прв да ја испроба ја имаше честа двократниот европскиот шампион на ридски патеки, начиот најголем автомобилски ас, Игор Стефановски – Иџе, но како куриозитет овој пат со мотоцикл.