Министерот што одби авионска карта за бизнис класа бидејќи е скапа

avion_biznis_klasa[1]

Истетовирајте го имево: Исмир Јуско – министерот за сообраќај и комуникација на Босна и Херцеговина. Тој направи нешто ретко забележано во политичката реалност во регионов.

Имено, Јуско одбил да искористи авионска карта за бизнис класа, која е неколку пати поскапа од таа за во економската класа. Цената на првата е околу 3 илјади евра, а на оваа втората – до 800 евра. Јуско ја вратил купената карта и наредил да се купи нова (со доплата од 75 евра), овој пат за во економската класа.

jusko

Во разговор со медиумите, министерот изјави дека за него е недопустливо на авионски карти да се трошат толку многу средства од буџетот во една држава како што е Босна и Херцеговина. Вели и дека неговата намера воопшто не била информацијата да стигне до медиумите, туку дека смета дека направил нешто сосема нормално.

Прочитајте и:  Руски авион се запали при слетување во Анталија – сите патници евакуирани (ВИДЕО)

„Воопшто нема потреба да се расфрламе со пари од буџетот. Ова нема да биде само сега, туку и во иднина“, рече Јуско.

Една изјава од порано:

 

- Реклама -