Демонскиве суштества презентирани овде се илустрирани во „Compendium rarissimum totius Artis Magicae sistematisatae per celeberrimos Artis hujus Magistros“ – ретка книга која зборува за окултното, а потекнува од 1775 година. Пишувана е со микс од Германски и Латински, и содржи 31 илустрација (во боја) од Ѓаволот и неговите демонски помошници, како и цели три страници од магиски и окултно-ритуални симболи.
Со предупредување „NOLI ME TANGERE“ („не допирај“) на својата корица, на компендиумот (колекција од концизни, но детални информации, најчесто во вид на книга или друга публикација) се гледа како на последен обид на „луѓето од верата“ да всадат страв во суеверијата. За тоа говори фактот што Compendium Artis Magicae е создадена во декатдата на револуциите (американската и француската) и во „ерата на просветленоста“ – кога разумот, науката, и моќта на индивидуалноста доминираа, а првите раздвижувања во индустријата беа на пат да ги променат Европа и светот засекогаш. Грозоморните судења на вештерки од 16-от и 17-от век веќе беа долго забранети, а практикувањето на вештерство веќе не беше сметано за криминален акт. Што го прави постоењето на компендиумов уште побизарен.
Илустрациите пак, се микс од грчко-римски митски суштества: химери како Кербер и Хидра, феникиски богови (Астарте/Астарот) и библиски ѓаволи (Белзебуб, Сатана); останатите се инспирирани од сведоштва на колење на мажи и ѕверови на европските бојни полиња.