Хамас ја регрутира и пчеличката Маја

farfurПалестинската терористичка група Хамас снима детска емисија со пчеличка
што ги учи малите Палестинчиња на исламистичка војна. Хамас неодамна
беше принуден да укине лик на глувче наречено Фарфур, кој многу
наликуваше на Мики Маус, и кој ги повикуваше децата на борба против
Израел. Сега телевизијата на Хамас емитува емисија со пчеличката Нахул,
која ветила дека ќе го продолжи патот на Фарфур.


Палестинската терористичка група Хамас снима детска емисија со пчеличка што ги учи малите Палестинчиња на исламистичка војна. Хамас неодамна беше принуден да укине лик на глувче наречено Фарфур, кој многу наликуваше на Мики Маус, и кој ги повикуваше децата на борба против Израел. Сега телевизијата на Хамас емитува емисија со пчеличката Нахул, која ветила дека ќе го продолжи патот на Фарфур.

Мики Маус

{youtube}Lv3dvYhFk_Y{/youtube}
– Сакам да продолжиме по патот на Фарфур, патот на исламот, на хероизмот, на мачеништвото и на муџахедините. Јас и моите пријателите ќе продолжиме по стапките на Фарфур, ќе им се одмаздиме на непријателите на Алах, на убијците на пророците и на невините деца додека не го ослободиме Ерусалим од нивната нечистотија – порачала пчеличката Нахул.

Пчеличката Маја

{youtube}FsuF1it68tg{/youtube}
Од друга страна, 178 припадници на палестинската терористичка група Фатах, која се смета за поумерена во однос на Хамас, потпишаа дека се откажуваат од напади против Израел. За возврат, Израел се обврза дека нема да ги апси и убива овие фатаховци. Израелците ослободија поголема група припадници на Фатах за да го зајакнат ова движење, кое води паралелна борба против Хамас за превласт над палестинските територии. Хамас неодамна го исфрли Фатах од густо населената област Газа, по што Фатах се обидува да ја зацврсне својата превласт во поголемата палестинска територија Западен Брег.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

виа.

- Реклама -