Севернокорејските власти објавија нов акционен филм… овај, ново пропагандно видео. Во главна улога, кој друг, ако не Ким Џонг Ун. Во видеото од саат и кусур (скоро колку игран филм), Ким наводно управува со авион, вози подморница и пука со пиштол. Војниците, од друга страна, при неговата посета, аплаудираат, мафтаат и скокаат од радост како мали деца. Буквално како мали деца.
Патем, во случајот со авионот, јасно се гледа дека Ким глуми пилот, а авионот е управуван од копилотот. Ама тоа не е тема на муабет. Тема на муабет е што Ким Џонг Ун ја оправи севернокорејската армија. Тоа е насловот на пропагандното видео: „Ким Џонг Ун, големиот врховен командант, консолидација на моќната армија“. Комотно можеле да го насловат Рамбо 5 (Сталоне најави дека ќе снима петти дел, ама се пишмани).
https://youtu.be/RYA957KOTbM