10.000 апликанти за едно работно место во Кина

BN-HG952_cover_J_20150306105233[1]

Според информациите од самата партија, на огласот за работно место во Партијата за демократска лига на Кина (ЦДЛ) пристигнале речиси 10.000 апликации.

Се работи за едно работно место. Во описот на работата спаѓа дочекување на странки во партијата и организирање на официјални активности и конференции. Од сите пријавени, само петмина ќе бидат повикани на разговор. Кандидати за тие петмина се вкупно 9.837 апликанти.

Партијата е основана во 1941 година и е една од осумте помали партии кои учествуваат во носењето на одлуки, под услов да ја поддржуваат владејачката партија.

- Реклама -