Водородната Honda Clarity конечно пристигнува во Европа

honda
Eден од најиновативните автомобили во светот конечно ќе се нуди и на европскиот пазар. Првите примероци ќе пристигнат уште кон крајот на оваа година на неколку пазари во Северна Европа, вклучувајки ги Германија и Данска.

Clarity Fuel Cell e конкретното втората генерација на FCX Clarity, со која Јапонците одржаа неколкогодишни тестирања во татковината и во Калифорнија. Во обновениот автомобил блокот горивни ќелии е значително полесен и за една третина помал – горе-долу како стандарден 3-литарски бензински мотор. Ова овозможува да се монтира под предниот капак, ослободувајки место позади за патниците и багаж. Покрај тоа агрегатот стана 60 отсто помоќен и веќе развива 175 коњски сили.

Автомобилот веќе беше тестиран од американската агенција EPA, каде успеа да помине со едно полнење 366 милји (589 километри) – рекорд за машина без мотор со внатрешно согорување и 52 милји повеќе од постигнувањето на конкурентот Toyota Mirai. Според проценките на ЕРА просечната потрошувачка, е еквивалентен на еден литар на сто километри кај бензинските мотори. Полнењето на резервоарот со водород трае само 3 минути.

Горивните ќелии претставуваат суштински минијатурни централи. Во нив водородот од резервоарот на автомобилот се меша со амбиентниот воздух и реакцијата на водородните јони произведува електрична енергија, а единствениот отпаден производи е чиста (дури и за пиење) вода. Уште првата генерација на Clarity ги издржа добро теренските испитувања и не претрпе ниту еден инцидент со протекување на водород. Главната пречка за технологијата останува премногу комплицирана поради малиот број станици за полнење. Затоа и Honda засега ќе ја нуди новината само на пазари, каде што веќе постојат вакви станици. Ако се исклучи овој проблем, Clarity е релативно прифатлив автомобил.

- Реклама -