Гејтс по 30 години доби диплома од Харвард

gates-2_pОсновачот на "Мајкрософт" Бил Гејтс завчера конечно ја доби својата
диплома од Харвард, по 30 години откако се откажа од студиите на
престижниот универзитет за да влезе во бизнисот со софтвер и да стане
најбогатиот човек на светот.


gates-2Основачот на "Мајкрософт" Бил Гејтс завчера конечно ја доби својата диплома од Харвард, по 30 години откако се откажа од студиите на престижниот универзитет за да влезе во бизнисот со софтвер и да стане најбогатиот човек на светот.

"Му даваме признание на најсјајниот член на генерацијата 1977 на Харвард од сите што не дипломираа на Харвард", рече високиот универзитетски администратор Стивен Хајман кога му ја врачи почесната диплома по право на Гејтс.

Прочитајте и:  15 предвидувања на Бил Гејтс од пред 25 години кои се исполниле

На официјалното обраќање за дипломираните, Гејтс одговори: "Поминав најдобро од сите што паднаа."

Но тој рече дека она за што навистина му е жал е што си заминал од универзитетот "без вистинска свест за страшните нееднаквости во светот – грозните разлики во здравјето и богатството и животните можности кои милиони луѓе осудуваат на очајнички живот."

Гејтс (51) сега ја води најголемата добротворна организација во светот, Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс, која на располагање има околу 60 милијарди долари. Тој апелираше до новите дипломци да го искористат својот талент, привилегии и можности да помогнат во борбата против сиромаштијата во светот.

виа.

- Реклама -