Шампањот опијанува побрзо

82cqM4cFZviSba2zuiD9[1]

Корелацијата меѓу меурчињата во шампањот и брзината на опивање е научно докажана.

Истражувачите од универзитетот Сари во Велика Британија, го тестирале ефектот врз две групи доброволци. На првата група ѝ бил даден газиран шампањ, а на втората дегазиран.
Во втората фаза на експериментот групите ги замениле своите места.

Било утврдено дека оние кои пиеле газиран шампањ имаат повисока концентрација на алкохол во крвта, и соодветно – ефектот на опивање бил посилен.

Која е улогата на меурчињата сé уште не е разјаснето. Една од теориите е дека јаглеродниот диоксид во нив го забрзува преминот на алкохолот од желудникот во тенкото црево, а оттаму и неговата апсорбција.

- Реклама -