Мистериозните „медицински“ кругови на древните Индијанци

2(794)[1]

Некои од индиjанските племиња граделе големи камени кругови, подредени по одреден модел на земјата.

Денес се познати како „медицински кругови“. Името доаѓа од теоријата дека овие камени структури служеле како места на кои древните Индијанци медитирале за духовно исцелување. Освен тоа, функционалната цел останува непозната.

Слични се откриени низ цела Северна Америка и јужна Канада. Најпознатиот медицински круг се наоѓа на врвот на Medicine Mountain во Bighorn National Forest во американската држава Вајоминг.

1(844)[1]

Овој е и најстариот од ваквите структури. Има дијаметар од 24 метри и се состои од 28 линии кои тргнуваат од центарот, каде лежи купче од камења во форма на крофна. На периметарот од кругот има шест мали камени огради. Тие се поставени така што покажуваат кон разни астрономски објекти, како на пример насоката на летната долгоденица при изгрејсонце или на залез, или ѕвездите Сириус, Алдебаран и Ригел.

Со оглед на тоа дека позициите на ѕвездите (многу бавно) се менуваат низ вековите, астрономите пресметале дека овие мистериозни структури биле најпрецизни меѓу 1050-та и 1450-та година пред нашата ера, за кога и се смета дека се изградени камените кругови.

Има докази дека и подоцна се доградувани од следните поколенија, заради што се смета дека добивале и нови функции. Затоа научниците нагласуваат и дека е можно никогаш да не дознаеме каква им била првичната цел и намена.

 

- Реклама -