Кралството со 11 поданици и еден ресторан

Tavolara_Island[1]

Антонио Бертолеони е 83-годишен рибар, и сопственик на единствениот ресторан на малиот остров Таволара во Средоземното Море. Ништо не би било чудно ако тој не беше и крал, а со тоа и сопственик на островот, кој се протега на површина од 5 km².

Тоа автоматски го прави островот најмалото кралство на светот, со кое Антонио владее 22 години. „Јас сум најприземниот владетел на светот“, се шегува Бертолеони, додавајќи дека единствено ужива во бесплатните оброци.

Кралството слави 180 години постоење и е постаро од Италија за 25 години. Прв населеник бил роднината на Антонио – Џузепе во 1807 година. Антонио вели дека Џузепе бил „пола овчар, пола пират“, бидејќи во неговата намера да дојде на островот веројатно најголем удел имало тоа што во Џенова го обвиниле за бигамија.

Таволара, гледан од Сардинија.
Таволара, гледан од Сардинија.

Како настанало кралството? Па, во 1836 година, кралот Карло  дошол на островот за да лови диви кози. При таа прилика, на Паоло – синот на Џузепе, му се претставил како кралот на Сардинија (што и бил), а на тоа Џузепе му вратил „А јас сум кралот на Таволара“. Откако се уверил во гостољубивоста на домаќинот, кралот Карло и писмено му го потврдил статусот на владетел на островот.

Антонио набрзина направил грб, семејно стебло и гробница за своите наследници, а тој самиот е погребан со круна на надгробната плоча, иако никогаш ја немал во текот на животот.

Веста за новото кралство се проширила, па Таволара склучил и пар сојузништва, а Џузепе Гарибалди станал и советник на кралот, а со Виторио Емануеле II, кој ќе стане првиот италијански крал, ќе потпише мировен договор.

Кралскиот гроб на семејството Таволаре.
Кралскиот гроб на владетелите на Таволара.

126 години подоцна, на островот е изградена база на НАТО, со што сувереноста на кралството е делумно намалена. Сепак, островот Таволара никогаш не стана дел од Италија.

Денес Антонио „владее“ со 11 жители на островот, а посетителите лично ги дочекува и испраќа. Всушност, сите од кралството семејство работат или како рибари или како туристички работници, бидејќи туризмот во голема мера ги зголеми приходите на островот.

Таволара се наоаѓа среде резерват, а мнозинството од посетителите се нуркачи кои ги истражуваат водите околу островот.

- Реклама -