Батали швајцарски банки, богатите имаат подобро место за чување на златото

gold cave

Длабоко во швајцарските Алпи, во близина на една авионска писта за приватни авиони како Gulfstream и Falcon, се наоѓа стар воен бункер со трезор во кој наводно се крие најголемото складиште на злато на светот. Влезот во бункерот го чува вооружен чувар во панцир, а се работи за метални врати вградени во гранитната карпа на крајот на тесниот селски пат, пишува Блумберг.

Откако ќе поминете низ двете врати, стигнувате до масивен метален портал од 3.5 тона, кој се отвора единствено со внесување на сигурносна шифра, со скенирање на зениците и со систем за препознавање на лица. Зад тие сигурносни пунктови се наоѓа влезот во тунелскиот лавиринт, некогаш користен од швајцарската војска.

Сопственикот на трезорот сака да остане анонимен. Загрижен е дека дури и објавата на името на неговата компанија може да привлече многу непожелно внимание. Одбива да одговори на прашањето колку внимание посветува на проверка на клиентите, но вели дека многу од оние кои доаѓаат да ги бараат неговите услуги паѓаат на безбедносниот тест.

„На секој прифатен, одбиваме по еден или двајца клиенти. Не сакаме проблеми“, вели сопственикот.

Да си немаш работа со даночно

IMG_1425322233[1]

По финансиската криза од 2008 година, побарувачката за трезори за чување злато драматично порасна. Многу од богаташите во златото гледаат сигурност, т.е. како на подобра алтернатива од банките на климави нозе или од ризичните инвестиции, особено во време кое го одбележува нестабилноста на пазарот, и кога приходите од чувањето пари на сметка се безмалки непостоечки.

Сосема е безбедно да се претпостави дека дел од неговите клиенти едноставно не ги сакаат неудобните прашања од даночните власти. Имаше неколку случаи во кои американските, француските и германските власти се позанимаваа со своите граѓани кои имаа сметки во швајцарските банки, а ги немаа наведено на своите даночни пријави. Од таа причина, има многу кандидати што бараат други решенија за чување на своето богатство.

Важен факт е и тоа што бизнисот со трезори не подлежи на истите регулативи кои од швајцарските банки бараат да им пријават на властите било какви сомнителни активности и трансакции. Според законот на САД, на пример, Американците не се обврзани да ги пријават залихите од злато кои ги чуваат надвор од финансиските институции во странство. А приватните трезори дефинитивно не се финансиски институции.

Затоа, не е ни чудно што таквиот бизнис е во голем подем. Министерството за одбрана на Швајцарија проценува дека ширум земјата има околу 1000 воени бункери. Во последните години се продадени неколку стотина од нив. Се проценува дека десетина од нив служат како складишта за злато или податоци.

Луксузни апартмани за клиентите

Еден друг сопственик, кој тврди дека има најголем трезор за злато на светот за приватни корисници, и седми најголем трезор воопшто, во близина на својот трезор има приватен аеродром, а во близина на авионската писта е сместен „хотел“ со VIP lounge и неколку луксузни апартмани.

Апартманите, очекувано, се опремени со најскапата опрема. Ѕидовите се обложени со старо полско дрво, а подовите се направени од јужноафрикански кварц, со мозаици од кварцни кристали. Но постоењето на овој „хотел“ не е само за да им биде удобно на клиентите – пред сé, тоа е место каде што тие можат да престојуваат без да остават документи, траги од кредитни картички или било какви патни исправи што би откриле детали околу нивното патување, а кои во другите хотели и ресторани би биле задолжителни.

Златото што го чува компанијата Swiss Data Safe за своите клиенти, се наоѓа во планински бункер зад засекот Амстег. Извршниот директор Долф Випфли не сака да ја открие точната локација, а на новинарите им го покажа другиот дел од својот бизнис – просторија со компјутерски сервери за чување податоци.

„Забележавме голем раст. Од 2008 година постои голем интерес за алтернативните банкарски трезори“, вели Випфли и додава дека Swiss Data Safe е независна од банкарскиот систем и од било која друга институција или интересна група.

Тој, како и гореспоменатиот сопственик, не подлежи на регулативите кои ги пропишува регулаторот на швајцарскиот финансиски пазар. И Випфли внимателно ги бира клиентите и ги одбива тие што му делуваат сомнително. Прифаќаат и корпоративни клиенти, но инсистираат на информација за сопственикот на компанијата.

IMG_1425322214[1]

За разлика од другите, неговата компанија инсистира на инспекција на тоа што доаѓа во нивниот бункер. Со тоа се разликува од политиката на „не поставуваме никакви прашања“ на компаниите специјализирани за безбедно чување на богатство, кои во Швајцарија ги има на секој чекор. „Кај нас нема црни кутии“, заклучува Випфли.

Рекордна година по увоз на злато

Повторно, веројатно главен фактор е што компанијата не е обврзана да пријави сомнителни активности на државните органи надлежни за перење пари.

Трговијата со злато е важен дел од швајцарската економија. Не сум нималку изненаден што во Швајцарија не постојат делотворни начини за надзор на потенцијалните злоупотреби“, вели за Блумберг Џон Касара – специјален агент во американскиот државен трезор и автор на неколку книги за перење пари.

Во првата половина на годинава, во Швајцарија се увезени 1357 метрички тони злато, вредни 40 милијарди долари – ова според податоците на швајцарската царина. Судејќи по количините во првите шест месеци, оваа година многу лесно би можел да биде срушен рекордот поставен во 2013 година.

Швајцарскиот државен секретаријат за меѓународни финансии во 2015 година објави извештај за приватните трезори и нивната злоупотреба за перење пари и тероризам. Поранешните воени бункери не беа споменати во извештајот.

„Не најдовме ниту еден сигурен доказ за поврзан криминал, тоа би можело да биде тема во иднина“, одговори портпаролот на прашањето околу бункерите. Меѓувладиното тело за заштита на глобалниот финансиски систем од перење пари – Financial Action Task Force (FATF), истата таа година издаде предупредување во кое се потенцира можноста дека златото се користи од страна на криминалци, за финансирање на тероризам и перење пари.

- Реклама -