Од љубовниот живот на фејсбук егзибиционистот

o-COUPLES-ON-FACEBOOK-facebook[1]

Секогаш кога некој ќе сподели слика со своето „мили4ко“, придружена со објаснување: „feeling аmazing / incredible / complete“, светот сe претвора во уште побезнадежно место за живот.

Не треба да си британски научник или руска експертка по сексологија за да ти е јасно дека постојаниот Фејсбук егзибиционизам, преку кој луѓето секојдневно ги демонстрираат своите врски, патувањата, маките, долната облека и евтините емоции, е знак за сериозни психички нарушувања со кои е подобро да се позанимава специјалист, а не пошироката јавност.

Најзабавното, и истовремено – најочајното нешто во овој незауздив тренд љубовниот живот да се изложува јавно, е што обично на крајот излегува дека сето тоа се сведувало само на слики и статуси.

Во меѓувреме, ние нормалните луѓе кои се гушкаме без тоа јавно да го документираме, не само што сме принудени да соучествуваме во секој чекор од „врската-од-соништата“ на нашите Фејсбук „пријатели“, туку сме вовлечени и во деталите околу драматичната, но трансформирачка eye-opening разделба која неизбежно следи.

Еве три главни фази низ кои поминува секој Фејсбук егзибиционист, излагајќи ги во јавност своите размислувања и страсти во однос на љубовта:

Почетокот

Поминаа две долги и емотивно тешки недели од последната тешка разделба за која знае дури и баба ти, иако нема Фејсбук и е тешко подвижна.

Most+Sad+Emotional+WhatsApp+Status+Broken+Heart+Sms+Messages,+Breakup+Quotes+for+WhatsApp+Status+Sad+Quotes+Facebook+Fb+Status+Betrayed+Relationship+Quotes+(15[1]Споделени се тони и тони слики со мудри мисли за новиот почеток, објавени се десетици лирски песни за неверство и/или љубовно разочарување. Помината е и фазата на луди журки со пријателите, во која е видливо дека лирскиот јунак не го интересирало ништо друго освен жестокиот алкохол и лесните дроги.

Време е за нов/а дечко/девојка. Информацијата за почетокот на отворениот конкурс не се соопштува директно. Се пушта само мамец, лесно навестување, кое има за цел да го разбуди живиот интерес кај сите кои само тоа го чекале и за тоа живееле…

„Судбината е навистина добар режисер. Среќата доаѓа кога најмалку очекуваш“, проследено со „feeling blessed“. Мувата е пуштена. Сите треперат во исчекување.

Мора да е љубов

И во еден момент започнува. Нагло. Тагови, слики, љубовни изјави, секси селфиња, прстени, веридби, хистерија…

А бе светот нема такво нешто видено. Тие се Ромео и Јулија, Адам и Ева, Бони и Клајд, Бијонсе и Џеј Зи (пред неверството) во едно…

Како си го поминав летниот распуст.
Како си го поминав летниот распуст.

Тие се недостижни, уникатни, толку среќни што ти иде да си направиш лоботомија како во „Пи“ со бормашината на соседот, кој и онака трета последователна недела одлучил да заврши некоја корисна работа во 8 сабајле.

Дури и најголемите циници и скептици почнуваат да веруваат: „Пууу, овие стварно се најдоа“… сé до „неочекуваниот“ пресврт.

Финале

Кругот се затвора. Почетокот и крајот се соединуваат. Почнува новиот циклус. Истиот. Уште еднаш.

„Кога добиваш, не знаеш што губиш, но и обратно“ цитати, „My way“ на Френк Синатра, „Кукавица“ на Цеца, пак малку видеа од луди журки со другарите, нова тетоважа фотографирана од десет различни агли, нов кавер на профилот – паднат ангел со извадено срце и набиен на колци, ново куче, нов начин на живот – теретана, фитнес, јога, зумба, видеа пред огледало.

Здраво, сакам да ми ја истетовирате најисклишираната тетоважа, ако може.
Здраво, сакам да ми ја истетовирате најисклишираната тетоважа, ако може.

И така до новата вистинска, единствена и најголема љубов во историјата на љубовта, кога повторно профилот ти е бомбардиран од селфиња од „а бе да не ти се верува“ среќниот пар. Таман навреме за да не паднеш целосно во очајување и да ти се врати смислата на будењето наутро. Да ти падне каменот од срцето…

А.А.

- Реклама -