Горат дресовите од Ван Перси (видео)

Трансферот на Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед предизвика огромно незадоволство меѓу навивачите на Арсенал, коишто се чувствуваат изневерени од својот доскорешен капитен, по неговата одлука по напуштањето на „Топчиите“ кариерата да ја продолжи кај нивниот голем ривал Манчестер Јунајтед.

На социјалните мрежи веќе се појавија десетици групи против Ван Перси, кој е оценет како предавник на лондонскиот клуб, а најдалеку отидоа неколку навивачи од британската метропола, коишто ги запалија своите дресови од доскорешниот миленик. Во Англија фудбалот важи за религија, па затоа ваквиот начин на протест воопшто не изненадува.

{youtube}flmLAPeDJMU{/youtube}

- Реклама -