Зошто скока продажбата на сé што ќе купи кинескиот претседател?

xi

Што е заедничко помеѓу руски сладолед, британско пиво и кинески кнедли на пареа полнети со свински дроб? Па, заедничко е тоа што кога кинескиот претседател Кси Џинпинг почна да ги консумира, продажбата во Кина нагло се зголеми, пишува Bloomberg.

Најновиот индикатор за „фактор Кси“ е скокот во продажбата на руски сладоледи, што следува откако претседателот Владимир Путин му подари неколку сладоледи на кинескиот шеф на самитот на Г-20 во Хангжу претходно овој месец.

„Кинезите го следат трендот. Низ целата историја кинескиот народ внимателно ги следи своите големи лидери, а истото се случува сега и со Кси, особено меѓу младите луѓе“, вели еден 63-годишниот жител на Пекинг додека чека пред ресторан за кнедли во близина на Финансиската улица во Пекинг. Ресторанот е уште еден добар пример за „факторот Кси“ или „Кси ефектот“: пред три години, малку по инаугурацијата на Џинпинг, тој изненадно го посети ланецот ресторани и ги порача гореспоменатите кинески кнедли. Оттогаш ресторанот бележи само профити.

Во четвртокот над 30 лица чекаа ред во локалот на Shenzhen Lohas World (компанија снабдувач со свежи плодови), додека надвор група од 27 вработени на компанијата позираа за фотографија со некои од гостите. И 58-годишната Ванг Кинг од Шандонг и нејзиниот сопруг беа меѓу гостите. Но овие двајца беа посебни – седеа на масата каде што еднаш порано седеше Кси.

Прочитајте и:  Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи

„Мојот сопруг бил тука многу пати порано и секогаш сум сакала да дојдам. Му реков дека кога ќе го посетиме Пекинг, мора да дојдам тука“, вели Ванг.

Откако пред една година, Кси, во друштво на поранешниот премиер на Велика Британија – Дејвид Камерон, посети еден британски паб, продажбата на британското пиво нагло скокна во Пекинг. Со седиште во Пекинг, компанијата увозник на британско пиво Greene King IPA беше „принудена“ да го зголеми увозот од 6.000 шишиња месечно, на 80 илјади.

Кси влијаеше и врз туристичките избори на Кинезите. По посетата на Нов Зеланд во ноември 2014, додуша и по емитувањето на едно популарно кинеско телевизиско реално шоу во кое дејството се одвиваше во Нов Зеланд, бројот на кинеските посетители скокна со над 34% во 2015 година, до речиси 356.000 луѓе.

„И двата настани доведоа до значително зголемување на онлајн пребарувањата по клучни зборови како „Нов Зеланд“, „новозеландски туризам“ и „виза за Нов Зеланд“, бидејќи љубопитните кинески граѓани се упатија кон интернетот за да научат повеќе за земјата“, вели Жу Шин – аналитичар во Milford Asset Management од Оукленд.

- Реклама -