Кога Барбара Хилари (75) слушнала дека никогаш досега црна жена не
стигнала до Северниот Пол, таа тоа го сфатила како предизвик. На 23-ти
Април тргнала со двајца водичи на скии за да стане првата црнкиња и
воедно една од најстарите личности кои стапнале на Арктикот.
Кога Барбара Хилари (75) слушнала дека никогаш досега црна жена не стигнала до Северниот Пол, таа тоа го сфатила како предизвик. На 23-ти Април тргнала со двајца водичи на скии за да стане првата црнкиња и воедно една од најстарите личности кои стапнале на Арктикот.
Иако на 67 години била болна од рак и преживеала, тоа не ја спречило да тргне на своето патување.
Хилари инсистирала да скија, иако тоа досега никогаш не го правела во животот.
„Скијањето не беше популарен спорт во Харлем“ – додава таа.
Таа се надева дека ова постигнување ќе ги инспирира преживеаните од рак, а наскоро спрема и нова авантура: активист за глобално затоплување.