120 со 80 веќе не е идеалниот крвен притисок

Krvni-pritisak-merenje-krvnog-pritiska-2-620x350[1]

Европското кардиолошко здружение издаде нови упатства, според кои нормалниот притисок веќе не се движи во рамките на 80 и 120. ЕКЗ порачува дека всушност нормални вредности за систолен („горниот“) притисок се тие до 140, а за дијастолен (долниот) – до 90.

Експертите потврдуваат дека иако најголемиот дел од луѓето сметаат дека 120 со 80 е идеалната вредност на притисокот, за нив тоа е границата до 140 со 90. Се разбира, тоа не важи за дијабетичарите и за постарите луѓе, за кои границата е 130 со 80.

Порано, од друга страна, се сметаше дека ако некој има притисок 139 со 89, тој е веќе во предхипертензична состојба и дека мора да пие лекови за да не се зголеми ризикот од инфаркт или срцев удар.

Некои експерти поместувањето на границите го објаснуваат со тоа дека сé друго се менува, а паралелно – и начинот на живот. Во Европа критериумите за висок притисок се малку пофлексибилни, со тоа што треба да се посвети внимание на секој пациент, за да не се појават компликации кои предизвикуваат висок пристисок.

Прочитајте и:  Појадокот е доста важен за намалување на крвниот притисок

Во светот, од висок притисок боледува секое петто лице. Некогаш се сметаше за болест на старите луѓе, но денес е сé поприсутен во дваесеттите и триесеттите години од животот.

Лицата кои имаат висок крвен притисок најчесто немаат симптоми, што е причина што артериската хипертензија е наречена „тивок убиец“. Дел од лицата имаат симптоми, но многу неспецифични, како главоболка, светкање пред очите, зуење во ушите, вртоглавица, нестабилност при одењето и чувство на притисок во градите. Заради тоа болеста долго останува неоткриена и најчесто е забележана при случајни мерења, најчесто после компликации. Хипертензијата ги оштетува крвните садови, а прв на удар е срцевиот мускул.

- Реклама -