Кој профитираше најмногу од дуелот на Хилари Клинтон и Доналд Трамп?

ауди

Ако го гледавте првиот претседателски дуел меѓу американските претседателски кандидати, веројатно ја гледавте и жестоката борба на една дама и еден господин, кои упорно се бркаат и се тепаат, речиси целосно уништувајќи го елегантниот хотел во кој се наоѓаат.

Дури и да изгледа така, не се работи за закачка на предизборните штабови на Демократите и Републиканците. Не, туку ова е најдобрата реклама на Audi RS 7, која американскиот електорат имаше можност да ја гледа пред дебатата, која по традиција трае 90 минути и без рекламни паузи.

Рекламата наречена „Дуел“, нарачана специјално за изборната сезона, покажува маж и жена кои се тепаат за правото да го паркираат комплетно новиот Audi RS 7. Дејствието се одвива наназад во времето, за на крајот (всушност на почетокот) во преден план да се појави седанот на автомобилскиот гигант, под чиј капак се кријат 605 коњски сили. „Вреди да се бориш за убавите нешта“ е слоганот на рекламата, а видеото завршува со зборовите „Бирајте го следниот водач мудро“.

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Дуелот на Клинтон и Трамп, пак, го гледаа рекордни 80.9 милиони гледачи, со што стана најгледан настан во американската историја. Досега таа титула ја носеше дебатата меѓу Роналд Реган и Џими Картер во 1980 година, која ја гледаа 80.6 милиони Американци. На двајцата претседателски кандидати им претстојат уште две дебати – на 9 и на 19 октомври. Претседател ќе се бира на 8 ноември.

https://youtu.be/Dir0cOFmrOM

- Реклама -