Во Хрватска е патентиран изум за „легнати полицајци“ кои нема да им
задаваат многу проблеми на возачите, но, сепак ќе придонесат за
намалување на брзината на одделни делови од патиштата.
Во Хрватска е патентиран изум за „легнати полицајци“ кои нема да им задаваат многу проблеми на возачите, но, сепак ќе придонесат за намалување на брзината на одделни делови од патиштата.
Возачите се жалат дека поставувањето на вакви пречки на патиштата најмногу влијаат на возилата, бидејќи страдаат амортизерите, а пешаците сакаат да ја намалат брзината на несовесните возачи.
Изумот се состои од три посебни, испрекинати ленти на пречки на патот, вградени во една целина. Централната лента се протега по целата улица на секој коловоз. На секоја страна од улицата има по три посебни испакнати пречки, една средишна и две странични, од секоја страна. Предните ленти на пречките се состојат од две посебни испакнати делови. На секоја трака има оставено простор меѓу испакнатите делови, кои овозможуваат возилата да минуваат меѓу нив, а да не мораат да минуваат преку нив.
Предните ленти се распоредени така што кога доаѓа возилото, доколку сака да ги избегне мора да ја намали брзината. Со приближување или оддалечување на предните ленти на пречките во однос на централната, и со манипулирање на оддалеченоста на лентите во внатрешноста се регулира намалувањето или зголемување на брзината на минувањето на возилата. Останува уште неговата практична примена.