Една несекојдневна приказна од данското фудбалско првенство: топка упатена кон голот ја промаши метата и заврши во публиката, во главата на еден од навивачите. И тука почнува делот „несекојдневно“.
Во овој случај, непрецизниот шут беше толку силен, што погодениот навивач се онесвести. Навивачите околу него веднаш втрчаа да му помогнат, а набрзо стигна и Брзата помош, која го пренесе право во болница.
При рутинскиот преглед на главата, утврдено е дека навивачот имал тумор на мозокот во почетен стадиум. Секако, многу веројатно е дека тоа немало да го дознае ако тој ден не завршел во болница. Следела операција, операцијата поминала успешно, а навивачот е целосно опоравен.
Својата необична приказна ја сподели на друштвените мрежи:
„Здраво на сите. Се викам Давид и сум навивачот кој го погоди топката за време на загревањето за натпреварот меѓу Брондби и Копенхаген. Сакам да се заблагодарам на медицинската служба, на редарите и на навивачите кои беа затекнати крај мене во тој момент, бидејќи вашата брза реакција ми го спаси животот. Не можам да опишам колку сум ви благодарен. Се испостави дека имам тумор на мозокот, кој не би бил откриен ако Вилчек не ме погодеше, па и нему сум му благодарен. Во моментов се опоравувам од операцијата. Вечно сум ви благодарен на сите“.